РУСКА МАНЕКЕНКА И НЕЈЗИНАТА 15-ГОДИШНА ЌЕРКА УБИЕНИ ВО БОДРУМ

Руската манекенка Ирина Двизова (42) и нејзината 15-годишна ќерка Дијана се пронајдени мртви во Турција. Како што пишува Дејли Мејл, нивните тела биле пронајдени завиткани во чаршафи во близина на луксузен хотел во популарното турско летувалиште Бодрум. Полицијата веднаш започнала истрага, а постои сомнение дека зад ова злосторство стои нејзиниот поранешен сопруг Андреј Кушлевич (45) бидејќи поранешните сопружници биле во нарушени односи и неодамна имале расправија за старателството над синот.

Насилни малолетници добија кривични пријави: Натепале двајца скопјани
СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 06.04.2024 во Градскиот трговски центар во Скопје, пријавените физички ги нападнале Л.Т. и …
(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа двајца мажи, бебе и девојче!
Тешка несреќа околу пладне се случила во Грција. Во несреќата учествувал камион и три автомобили, а загинати се четири лица. Четири други лица се тешко повредени. Загинатите се двајца мажи, бебе и девојче (13). …

Откако го пронашла телото, полицијата почнала да трага по поранешниот сопруг на Ирина. Во вилата каде што престојувале биле пронајдени траги од крв и отпечатоци од машки чевли, а на телото на манекенката и нејзината ќерка биле пронајдени прострелни рани, што исто така е една од индициите што може да доведат до поранешниот сопруг на Ирина, кој бил обезбедување на бизнисмен од Украина.

Постои сомнени дека зад ова злосторство стоела расправија на двојката за старателството над синот Макар кој исчезнал по страшниот настан.

Турската полиција побарала помош од Интерпол за пронаоѓање на Андреј и момчето, кое наводно било со мајка му и сестра му било во Турција, а сега не се знае каде се наоѓа.

Како што пишува Дејли Мејл, Ирина неодамна почнала да работи во Бодрум како агент за недвижности, а пред тоа со години се занимавала со манекенство.

Откако извесно време не возвраќала на пораките и повиците на семејството, нејзиниот фитнес тренер отишол во вилата во која живеела на барање на семејството и открил дека вратата била насилно отворена.

Нејзината ќерка била TikToker со околу 30.000 претплатници на оваа социјална мрежа и имала намера да ги следи стапките на нејзината мајка и да стане модел. Дијана неодамна објави видео на социјалните мрежи во кое вели дека летнала во Истанбул со нејзината мајка за да го прослави својот 15-ти роденден.

Поранешниот сопруг на Ирина од претходно го бара полицијата бидејќи избегал од притвор откако бил уапсен за наводна кражба.

На овој случај реагираа и руски дипломати во Турција и се во контакт со турските власти во врска со смртта на мајката и ќерката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.