Само 2 состојки за целосно чистење на организмот – руски народен лек кој нашироко се применува во светот

Loading...

Доколку и вашиот организам е преполн со токсини тогаш ви носиме брзо решение за ослободување од истите.
Ефикасниот природен лек од народната руска медицина се состои од кефир и хелдино брашно.
Имено, кефирот е ‘еликсир на младоста и здравјето’, а хелдиното брашно поседува исклучително лековити својства.
Тоа го зајакнува организмот, ги подмладува крвните садови, го отстранува заморот, ја зголемува циркулацијата во рацете и нозете, го зајакнува лачењето на урината.


Чистењето на организмот треба да се спроведе најмалку еднаш на шест месеци, односно двапати годишно, затоа што наталожените токсини можат да доведат до различни болести.
Честите настинки, инфекции, замор, поспаност, деконцентрација – сето тоа е доказ дека во вашиот организам имате присуство на токсини, малигни бактерии и некои други помалку штетни материи.
Кефирот е одличен и за паметење и концентрација, а особено се препорачува кај постарите лица. Исто така тој го намалува крвниот притисок, лечи артериосклероза и опстипација.
Во комбинација со кефирот, хелдата го намалува нивото на шеќер во крвта, ги чисти цревата и крвните садови, го нормализира метаболизмот и работата на панкреасот и го зголемува нивото на хемоглобинот во крвта.


Рецепт:
Сè што е потребно е една лажица хелдино брашно да го прелиете во чаша кефир (180 милилитри) и добро да го измешате, а по желба може да го засладите со мед.
Направето го тоа навечер, па ставете го во фрижидер во текот на ноќта.
Наутро, уште еднаш измешајте го напитокот и испијте го, па наредниот час не консумирајте храна.
За да постигнете најдобар ефект на детоксикација, најдобро е оваа смеса да ја консумирате наместо доручек.

loading...