Понекогаш ги фрламе најздравите делови од зеленчукот во канта за отпадоци, наместо да завршат во нашата чинија.
Кога фрламе делови од зеленчукот, освен што губиме важни хранливи материи, тоа не е добро ниту за нашиот домашен буџет. Прочитајте како да ги избегнете овие грешки кои ги правиме кога подготвуваме зеленчук.
Го фрламе најздравиот дел од зелката и лиснатите салати
Надворешните листови од зелката или зелената салата неретко не изгледаат „совршено“, а понекогаш имаат и помали дамки, па често ги фрламе и ги користиме само внатрешните листови, не знаејќи дека со тоа всушност го фрламе најздравиот дел од зелката, односно, од зелената салата.
Надворешните листови биле најмногу изложени на сонце, па затоа содржат и до десет пати повеќе флавоноиди отколку внатрешните листови.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.