Претседателот на Бенфика, Руи Коста на прес-конференција објасни дека едноставно не можеле да го задржат Енцо Фернандез кој не сакал повеќе да го носи црвениот дрес на португалскиот клуб.
Руи Коста вели дека тој направил се што е во негова моќ да го задржи Енцо Фернандез, дури успеал да постигне договор со Челси трансферот да се случи на лето, но едноставно фудбалерот не сакал веќе да игра за Бенфика и упорно притискал сега да се пресели на Стемфорд Бриџ.
„Енцо Фернандез не сакаше да остане во Бенфика. Тој не ни даде никаква шанса. Го дадов најдоброто од мене за да го задржам, тажен сум но нема да плачам за фудбалер кој не сакаше да остане“, вели Руи Коста.
„Кога дојде Челси, беше невозможно да го предомислиме“.