Обвинителството на Македонија соопшти за тешка сообраќајна несреќа кај Куманово, во која учествувал и Ѓорѓе Давид и во која едно лице загина, а неколку се повредени.
Според првите информации, прво се судриле два автомобила, „фолксваген поло“ со кумановски регистрации и „фолксваген голф“ со скопски регистерски таблички. Како што се истакнува во соопштението до судирот дошло кога возачот на еден од автомобилите влегол на автопатот во спротивен правец.
- Бритни Спирс се изјасни за виновна по обвинението за возење под дејство на алкохолБритни Спирс се изјасни за виновна за возење во пијана состојба.… Read more: Бритни Спирс се изјасни за виновна по обвинението за возење под дејство на алкохол
- РСЕ: Западниот Балкан е нова сцена на конфликт меѓу интересите на ЕУ и САДЗападниот Балкан стана ново место на конфликт меѓу ЕУ и САД,… Read more: РСЕ: Западниот Балкан е нова сцена на конфликт меѓу интересите на ЕУ и САД
- Има 101 година и сè уште работи 6 дена во неделата: „Ќе умрам ако се пензионирам“Ан Анџелети, 101-годишна баба од Њу Џерси, ги надминува сите очекувања.… Read more: Има 101 година и сè уште работи 6 дена во неделата: „Ќе умрам ако се пензионирам“
- Овој пијалок е „течна смрт“; Кардиологот предупредува: „Само не го пијте, точка“Кардиохирургот д-р Џереми Лондон предупредува дека засладените и газираните пијалоци, кои… Read more: Овој пијалок е „течна смрт“; Кардиологот предупредува: „Само не го пијте, точка“
- Александра Пријовиќ го запали аеродромот, облечена во облека вредна над 20.000 евра – сè е преполно со луксуз (ФОТО)Пејачката Александра Пријовиќ уште еднаш покажа дека е една од најстилските дами на… Read more: Александра Пријовиќ го запали аеродромот, облечена во облека вредна над 20.000 евра – сè е преполно со луксуз (ФОТО)
„По тој првичен судир од автомобилот излегла сопатничката од возилото со кумановски регистрации и во тој момент на неа налетал автомобил „опел“ со српски регистарски таблички. Од ударот жената се здобила со тешки телесни повреди, од кои починала”, се вели во соопштението на обвинителството.
Издадена е наредба за обдукција на жртвата, но и за преглед на примероци од крв и урина на останатите учесници кои во моментов се хоспитализирани со полесни повреди.
,,Собрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење со цел прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа“, се додава во соопштението.
Да потсетиме, несреќата се случила синоќа околу 20 часот на патот Куманово-Табановце, а во несреќата загинала Љ. Т.(49).
Полицијата претходно соопшти дека „полото“ го управувал Б.Т.(24) од Куманово, додека „голфот“ го управувал В.П.(45). Зад воланот на ,,Oпел инсигнија” бил Ѓорѓе Давид.
Пронајдете не на следниве мрежи:



