Претстојната зима ќе биде уште потешка за Украина од претходната, изјави помошникот државен секретар на САД за енергетика Џефри Пјат.
„Во тесна соработка со партнерите од Г7, претставници на приватниот сектор и хуманитарни организации, работиме на тоа да и помогнеме на Украина да одржува електрична енергија и греење во домовите. „Претстојната зима ветува дека ќе биде уште потешка за Украина од претходната“, рече Пајат.
- Зошто јадеме кога не сме гладни?; Зад оваа навика стојат голем број психолошки фактори
- (Фото) Заканувачката порака која била испраќана до учениците во Битола
- Млада државјанка на Турција пронајдена мртва во стан во Штип
- Меси и Роналдо изгубија милиони следбеници на Инстаграм преку ноќ, еве што се случи
- Кој е подобар избор за слабеење: пилешки гради или јајца?
- Украински дронови лансирани кон Русија се запалија во Латвија: Оштетени се резервоари за нафта, а имало и пожар
- Нетанјаху: Нема имунитет за непријателите на Израел
- Овие видови масла се најдобри за намалување на холестеролот
- Инфлација од 5,7 отсто во април, трошоците за храна се зголемиле за 8% за една година
Како што оцени тој, производствениот капацитет во Украина е приближно преполовен од почетокот на конфликтот.
Америка веќе нема средства за директна буџетска поддршка на Киев
Американската влада нема повеќе средства за директна буџетска поддршка на Киев, а без нови распределби може да биде суспендирано обезбедувањето хуманитарна помош за Киев, изјави помошник-шефот на Агенцијата за меѓународен развој за Европа и Евроазија, Ерин Маки.
„Во моментов нема повеќе средства за директна финансиска поддршка. „Без дополнителни парични распределби, Владата на Украина ќе мора да прибегне кон вонредни мерки како што се издавање пари и неисплата на плати, што може да доведе до хиперинфлација и сериозно да им наштети на напорите во воената сфера“, рече Маки.
Како што додаде тој, доколку Конгресот не одобри дополнително финансирање за потребите на Киев, тогаш американските партнерски организации во Украина ќе мора или да го намалат бројот на приматели на хуманитарна помош за 75 отсто или целосно да престанат со спроведувањето на таквите програми.
Претходно, портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер објави дека Вашингтон доставува помали пакети воена помош за Киев поради исцрпувањето на средствата доделени од Конгресот.
Таа ги повика пратениците да продолжат со одобрување на барањето на американскиот претседател Џозеф Бајден за дополнителни 60 милијарди долари и да покажат дека „САД продолжуваат со својата решителна поддршка за Украина“.



