Членовите на Советот на Град Скопје, како и членовите на управните и надзорните одбори во претпријатијата уништуваат човечки судбини на луѓе болни од рак, нагласи на денешната седница на Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска.
- Меџити: На ВЛЕН му одговараат предвремени избори, но годинава нема да има, ќе видиме во 2027
- Се бараат мерки на претпазливост за малолетничките од Ѓорче Петров
- Од расправија на социјални мрежи до пукање во двор! – МВР со детали
- Израелците купуваат 10.000 ракети од Американците за една милијарда долари, тврдат дека се „лек“ за иранските беспилотни летала
- Дали Ким Кардашијан прави пауза од полагањето на правосудниот испит? Изворот тврди дека таа нема повторно да го полага испитот
Како што кажа градоначалничката, со негласањето на плановите за вработување во претпријатијата се уништуваат човечки судбини на луѓе кои се болни од рак, се лечат на Онкологија, а немаат здравствено осигурување затоа што не можат да бидат редовно вработени во претпријатието поради блокадите од советот.
– Вашите управни одбори не гласаат да може да функционира ЈСП, луѓето таму се борат за живот, има луѓе таму немаат здравствено осигурување, болни се од канцер, се лечат на Онкологија, а не можат да си покријат основно здравствено осигурување… И некој тука има образ да зборува… Да се срамите сите! Тој мицковизмот е рак рана на македонското општество, истакна Арсовска.
Пронајдете не на следниве мрежи:



