СЛАВЈАНКА: Купуваме противвоздушна опрема, продолжуваме со помош за УКРАИНА

Го зголемивме буџетот за одбраната на 274 милиони евра, што е 1,85 проценти од БДП на државата, а тоа се вклопува во плановите за исполнување на ветувањето за инвестиции во одбраната на Самитот на НАТО во Велс за алоцирање на 2 отсто од БДП за одбраната и ние тоа ќе го постигнеме до 2024 година, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на годишниот брифинг со Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во Македонија.

СЛАВЈАНКА: Купуваме противвоздушна опрема, продолжуваме со помош за УКРАИНА

Петровска рече дека Македонија е во процес на набавка на системи за воздушна одбрана.

Министерката рече дека првите шест лесни оклопни возила JLTV Oshkosh беа испорачани пред неколку месеци и најави оти ќе се продолжи со набавка на оклопните возила „Страјкер”, други специјализирани возила, воена опрема, системи за противвоздушна одбрана, опрема за сајбер одбрана и други средства што ќе ја направат Армијата поспособна, а колективната одбрана посилна.

„Следејќи ги стандардите на НАТО и нашите сопствени домашни планови, ние сме во процес на набавка на системи за воздушна одбрана со многу краток дострел од нашиот сојузник – Франција“, рече Петровска.

Министерката додаде дека се во тесна координација со НАТО сојузниците во обезбедувањето на потребната поддршка за Украина во однос на воена опрема, медицински залихи, хуманитарна помош и остануваме целосно посветени на Партнерството за зголемени можности НАТО-Украина, вклучително и во подготовката за постконфликтно закрепнување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.