Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово во Министерството се сретна со Хавиер Коломина, помошник генерален секретар на НАТО за политички работи и безбедносна политика со кого разговараше за придонесот на Македонија како посветен и активен сојузник во Алијансата кон колективната безбедност на НАТО и кон стабилноста на регионот.
- Со 64 гласа „За“, Собранието го одобри законот за Советот на обвинители
- Ѓорѓиевски: Камениот мост во Скопје добива нов сјај
- Луда теорија за Барон Трамп се шири на социјалните мрежи: Виновна е роман од 1893 година
- Има 80 години и нема намера да престане: „Златната русокоса“ никогаш не изгледала подобро
- Зошто јадеме кога не сме гладни?; Зад оваа навика стојат голем број психолошки фактори
- (Фото) Заканувачката порака која била испраќана до учениците во Битола
- Млада државјанка на Турција пронајдена мртва во стан во Штип
- Меси и Роналдо изгубија милиони следбеници на Инстаграм преку ноќ, еве што се случи
- Кој е подобар избор за слабеење: пилешки гради или јајца?
- Украински дронови лансирани кон Русија се запалија во Латвија: Оштетени се резервоари за нафта, а имало и пожар
На средбата Петровска истакна дека Македонија во целост ги спроведува прифатените обврски од НАТО пакетот на цели на способности, со особен акцент на модернизацијата на Армијата и унапредувањето на условите и развојот на човечките капацитети во Министерството и Армијата.
„Инвестирањето во македонската одбрана во 2024 година ќе достигне 2% од бруто – домашниот производ, а од средствата наменети за одбрана една третина ќе бидат насочени кон модернизација, што е гаранција дека процесот на опремување на Армијата ќе продолжи да се реализира со несмалено темпо. Посветени сме на модернизацијата како одговорна членка на НАТО но подеднакво и заради националната безбедност“, рече министерката Петровска.
Таа го информираше помошник генералниот секретар Коломина за помошта која во досега во 10 наврати Македонија ја донираше на Украина и нагласи дека во согласност со проценките на Генералштабот таа помош и понатаму ќе продолжи.
Во контекст на регионалната безбедност, министерката истакна дека Македонија го зголемува учеството во мисијата КФОР на Косово. Таа потенцираше дека дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да продолжи и дека и двете страни треба да ги реализираат преземените обврски.
„Интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ е безбедносно прашање и најдобар одговор на обидите за влијанија од трети страни во регионот“, рече Петровска.
Во соочувањето со проблемот на хибридни закани и лажни вести, Петровска ја истакна 100 процентната активна транспарентност на Министерството за одбрана како најдобар начин за превенција и справување со овој предизвик.
Помошникот генералниот секретар на НАТО, Коломина се заблагодари за активното учество на Македонија во НАТО и видливиот придонес кон зацврстувањето на регионалната и колективната безбедност. Тој го поздрави придонесот на Македонија во мултинационалните сили на НАТО во Бугарија и Романија, учеството во мисијата на НАТО на Косово, помошта за Украина во одбрана на нејзиниот територијален интегритет и стабилното инвестирање во развојот и модернизацијата на одбраната.
Пронајдете не на следниве мрежи:



