Мрзелива пита со јаболка и цимет со децении е едно од омилените задоволства, кое ве враќа во детството.
Овој рецепт е посебен и по тоа што не ви требаат јајца и млеко, па затоа е совршен избор доколку овие намирници не ви одговараат или сте алергични на нив.
Состојки:
- 250 гр. растопен маргарин;
- 10 лажици шеќер;
- 200 мл. вода;
- 2 лажици мед;
- 10 гр. прашок за пециво;
- 650 гр. меко брашно.
Фил:
- 1,5 кг. јаболка;
- 10 лажици шеќер;
- 1 лажица цимет или по вкус.
Подготовка:
Јаболката исчистете ги, изрендајте ги крупно и додадете шеќер, па ставете ги да се варат. Кога ќе бидат готови додадете цимет и почекајте да се изладат. Кога маргаринот ќе омекне, се мати со шеќерот и се додава медот, па се продолжува со матење.
Потоа додадете 300 гр. брашно и прашок за пециво, па измешајте и додадете уште 300 гр. брашно.
Ако тестото е тврдо, додадете уште 50 гр. брашно и замесете со рака. Потоа ставете во фрижидер да отстои околу еден час.
Потоа, едната половина развлечете ја, превртете ја преку сукало и ставете ја на плех, па додајте го целиот фил и покријте ја со другата половина од тестото.
Прободете со вилушка и печете на 180 степени околу 40 минути. Кога ќе биде готова, посипете со шеќер во прав и послужите ги гостите.