Судењето за свирепото убиство на Никола Саздовски почнува утре

Во Основниот суд Скопје 1 за утре е закажано првото судско рочиште за свирепото убиство на Никола Саздовски-Саздо. Судијка во процесот е Даниела Алексовска Стефановски, а на обвинителна клупа ќе седнат Бесир Б. и Скендер Р. кои се во притвор. На обвинетите им се става на товар дека на 29 јуни на автобуска постојка во Автокоманда заеднички и на свиреп начин го убиле Саздовски. Момчето беше брутално претепано по главата и градите, а напаѓачите не сопреле со тепањето ни во моментот кога тој паднал на земја и изгубил свест. По десетина дена на КАРИЛ-почина.
Против третоосомничениот Јетон Љужа, за кого обвинителството исто така водеше истражна постапка  како соизвршител заедно со двајцата сега обвинети, истражната постапка е прекината.
“Со оглед на тоа што третоосомничениот се уште е недостапен на државните органи, за ова лице за кое е распишана домашна и меѓународна потерница, истражната постапка ќе продолжи во моментот кога ќе биде достапно на државните органи”, изјавија од Обвинителството.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.