ТЕЈЛОР СВИФТ ЈА ФРЛИ СКРШЕНАТА ПОТПЕТИЦА ВО ПУБЛИКА Обожавател ја фати и сега ја продава

На еден од концертите што ги одржа во Рио де Жанеиро, Бразил, американската пејачка Тејлор Свифт ја скршила потпетицата и ја фрлила во публиката, што предизвикало хаос меѓу обожавателите.


На еден од концертите што ги одржа во Рио де Жанеиро, Бразил, американската пејачка Тејлор Свифт ја скршила потпетицата и ја фрлила во публиката, што предизвикало хаос меѓу обожавателите.

Фелипе Конрадо кој се наоѓал во ВИП ложата, успеал да ја фати, а сега ја продава во хуманитарни цели.

На Тејлор во текот на настапот и се скршила потпетицата на чизмите од познатиот дизајнер на обувки Кристијан Лабутин, по што пејачката ја фрлила во публиката, а среќниот обожавателот бил близу сцената и успеал да ја фати.

Обожавателот Фелипе Кoнрадо којшто имал ВИП влезници за сите три концерти на Тејлор во Рио, објавил фотографија со потпетицата и напишал дека ја продава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.