„Титаник 2“: Мијалков, Тачи и сите обвинети добија по две години затвор

Со помали казни од претходна пресуда заврши денеска повторениот судски процес за предметот Титаник 2. Обвинетиот поранешен директор на Управата за контраразунавање и безбедност Сашо Мијалков денеска беше прогласен виновен по втор пат за ист предмет, со казната затвор од 2 години.

Ќе стане ли воопшто правосилна пресудата некогаш?

На Мијалков му застарува во април годинава, што значи ако до тогаш не стане правосилна пресудата, тој нема да ја одлежи затворската казна за предметот Титаник 2
„Титаник 2“: Мијалков, Тачи и сите обвинети добија по две години затвор

Иста казна добија и неговите соучесници лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи како и тогашните членови на Државната изборна комисија (ДИК), Бедредин Ибраими од ДПА и Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев од ВМРО – ДПМНЕ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.