Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го прослави националниот празник Денот на благодарноста во неговиот приватен клуб Мар-а-Лаго во Флорида, каде што, меѓу другото, беше придружуван од милијардерот Илон Маск.Секако, на прославата се приклучија и сопругата на Трамп, Меланија и нивниот син Барон.Во еден момент беше пуштена хит песната „YMCA“, на која заедно танцуваа Трамп и Маск, како и останатите гости.
President Donald J Trump dancing last night at Mar-a-Lago with Elon Musk for Thanksgiving! pic.twitter.com/0fD9soBo38— George X🇺🇸 (@georgex08939939) November 30, 2024
Меѓу гостите биле и познат актерНеименуван извор открил за „Page Six“ дека на забавата бил и холивудскиот актер Силвестер Сталоне.– Сталоне дојде околу 20 часот. Семејството Трамп пристигнало околу 18:45 часот, а заминаа во 21:15 часот. На вечерата имаше 300 луѓе и сè беше отворено за членовите на клубот и нивните гости – објаснил изворот.Раскошна вечера– Тоа беше раскошно бифе со мисирка и сите други додатоци, апсолутно сè што можете да замислите. Масите беа украсени со аранжмани на есенски бои – опиша изворот на „PageSix“.Трамп наводно ги забавувал другите за време на вечерата преземајќи ја улогата на диџеј.Инаку, цената на билетот за оваа свечена манифестација беше 350 долари.