Турист пронајден мртов во близина на КРФ- Трето мистериозно исчезнување на туристи во Грција

Исчезнатиот американски турист е пронајден мртов на плажа на мал грчки остров западно од Крф, објавија локалните медиуми, пренесува мондо.рс.

Телото на мажот во неделата го пронашол друг турист на карпеста плажа на островот Матраки.

Неговото исчезнување го пријавил неговиот домаќин во четвртокот, а последен пат бил виден во вторникот во кафуле во друштво на две туристки кои во меѓувреме го напуштиле островот. Во моментов нема детали за жртвата, вклучувајќи го и името или родниот град. Ова е последен во серијата случаи кога туристи загинале или исчезнале на грчките острови. Некои, ако не и сите, отидоа на планинарење на многу високи температури.

Противпожарен дрон во саботата го пронашол 74-годишниот холандски турист во провалија, на 300 метри од местото каде што последен пат бил виден минатата недела, како се мачи да оди на жешкото време. Д-р Мајкл Мозили, познат британски телевизиски водител и автор, беше пронајден мртов минатата недела на островот Сими. Судскиот лекар заклучил дека тој починал претходната среда, набргу откако тргнал на планинарење по тежок, карпест терен.

Во петокот, двајца француски туристи беа пријавени за исчезнати на Сикинос, релативно осамен остров во Егејското Море со помалку од 400 постојани жители. Две жени, 64 и 73 години, ги напуштија хотелите за да се сретнат.

На островот Аморгос, властите од вторникот трагаат по 59-годишен турист кој сам тргнал на планинарење на топло време. Американските медиуми го идентификуваа исчезнатиот турист како заменик на пензионираниот шериф на округот Лос Анџелес, Алберт Калибет од Хермоса Бич, Калифорнија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.