Уапсен е насилникот кој и се закануваше на екс пратеничката Весна Дамчевска Илиевска

Уапсен е насилникот кој и се закануваше на екс пратеничката Весна Дамчевска Илиевска

МВР попладнево во населбата Бутел 1 го лиши од слобода било лицето С.Ч. (29), пријавен од екс пратеничката и актуелен делегат ВМРО-ДПМНЕ, Весна Дамчевска Илиевска, дека синоќа упатил вербални и пишани закани и навреди кон неа.

Според наши информации се работи за лице кое подолго време отслужувало затворски казни и е познат како извршител на повеќе кривични дела.

Весна Дамчевска Илиевска екс пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ за овој настан, ја извести попладнево јавноста преку социјалните мрежи. Се претпоставува дека овие закани имаат нарачател кој не е задоволен од минатонеделното барање на Весна за свикување на конгрес на ВМРО и барање на одговорност на Мицковски.

Прочитајте исто и:

Латиновски: Само Мицкоски верува дека победил на изборите

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.