Убиената кавадарчанка во Германија имала седум деца, сопругот ја убил поради љубомора

Веста за убиената Македонка од страна на нејзиниот сопруг во германскиот град Есен ја потресе јавноста.

Таа беше убиена од нејзиниот сопруг (47), кој е по потекло од Скопје и е упасен, а сведок на убиството бил нивниот 8-годишен син. Истото во полицијата го пријавил најстариот син (16).

Тие имаат седум деца, кои сега остануваат без родителска грижа. Нејзиниот брат, Бесим Алија за Фокус раскажува дека нејзиниот брак бил пекол и дека била жртва на семејно насилство поради љубомора, а жената морала да ги прекине и сите врски со нејзиното семејство.

-Пред девет години сестра ми со семејството се пресели во Германија, во потрага по подобар живот. Но, бракот и беше пекол. Тој беше премногу љубоморен, постојано ја контролираше, не ја пушташе да оди ниту во маркет. Не и дозволуваше да зборува со фамилијата, таа не смееше да дојде ниту кај мене. Постојано трпеше закани, и се закануваше дека ако дојде кај мене, ќе ме убие мене и ќе ги убие моите деца! Само за да нема проблеми со него, таа ме блокираше мене и сите роднини на телефон, но на крај сепак заврши на еден таков свиреп начин, усмртена пред очите на синот, раскажува братот, кој вели дека сега ќе биде потребна помош за децата и дека доколку има хумани граѓани кои се во можност да помогнат, можат да донираат на сметката на најстариот син на Ванеса, кој е полнолетен, во Шпаркасе Банка, на име Кенеди Пајазити, DE80 3605 0105 0002 6665 35.

Жената беше погребена во Есен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.