Преговорите за Мир: Умеров Предложува Нов Рок
Министерот за одбрана на Украина и главен преговарач, Рустем Умеров, по завршувањето на втората рунда директни преговори со Русија во Истанбул, изјави дека Киев предложил следниот круг на мировни преговори да се оствари до крајот на јуни.
„Предлагаме на руската страна следниот состанок да се одржи помеѓу 20 и 30 јуни“, истакна Умеров.
Тој дополнително нагласи дека до тој период треба да се договори и средба помеѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, на која евентуално би присуствувал и актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Умеров потврди дека Украина го примила рускиот меморандум и дека Киев во текот на следната недела ќе донесе одлука за идните чекори.
„На денешната средба во Истанбул договорена е размена на тешко повредени, тешко болни и малолетни заробеници, како и враќање на телата на загинатите војници во рамките на договор од 600 за 600“, додаде тој.
„Повикуваме на конструктивен пристап за завршување на војната – прекин на огнот, хуманитарни мерки и средба на лидерите. Ако Русија е сериозна, ќе се согласи. Во спротивно, новите санкции ќе бидат неизбежни“, заклучи Умеров.
The post Украина иницира нова рунда преговори со Русија до крајот на месецот. appeared first on 365.mk.