Украина тврди дека соборила руски борбен авион Су-34

– Украинските воздухопловни сили соборија руски борбен авион Су-34, при што загина екипажот, изјави денес командантот Микола Олешчук.„Воздухопловните сили, исто така, имаа на нишан друг борбен авион, Су-35, но неговиот пилот успеа да го избегне нападот“, рече Олешчук во изјавата за Телеграм.Во одвоено соопштение, руското Министерство за одбрана тврди дека соборило украински борбен авион МиГ-29, проектил од американскиот ПВО-систем „Патриот“ и три ракети од американскиот ракетен систем за повеќекратно лансирање ХИМАРС.Русија ја започна својата „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: