Вицепремиерот Арбен Фетаи и екс министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, беа на средба во амбасадата на САД во Скопје.
Оваа средба доаѓа веднаш по одлуката да продолжат да ја поддржуваат Владата и да „се отцепат“ од партијата предводена од Арбен Таравари.
„Утринското кафе го испивме во најважната гостинска куќа за Албанците во нашата земја, Амбасадата на САД, каде што нè пречека заменик-шефицата на мисијата, Никол Варнес. Со нашата пријателка разговаравме за нашето континуирано партнерство во борбата против корупцијата, унапредувањето на владеењето на правото и поддршката на нашиот пат кон Европската Унија“, напиша Фетаи на Фејсбук.
Тој се очекува да остане на досегашната функција во Владата, а името на Алиу се споменува како можен нов министер кој би доаѓал од редовите на ВРЕДИ.
За некој час следесе уште една објава , овојпат со евроамбасадорот Рокас.
-Имавме многу топла и суштинска средба со амбасадорот на Европската Унија, нашиот ценет пријател, Михалис Рокас.
Нашето партнерство со ЕУ е непоколебливо, со целосен фокус на реформската агенда, економскиот развој и одржливиот напредок. Европската Унија е наш дом. Европската интеграција е единствената стратешка алтернатива за нашата земја.


