Филип Петровски: Груевски го поставува Мицковски за претседател на наместен конгрес

Loading...

Хмммм, станува интересно, до некаде и патетично..
Додека јас размислувам дали од кога ќе станам претседател, еден од моите потпретседатели да биде избран од месните комитети, другиот да биде избран од општинските комитети, некој патетично и упорно се обидува да го брани својот пулен..
А, пуленов има ли уста да бекне?
Како и да е, одењето со глава во зид и изигравање на адвокат на некого е само потврда дека некој е дебело протекционистички игран.
Штетата е направена кога почнавте да го фаворизирате Христијан, а јас и почитуваните партиски функционери што вчера се обратија со писмо се обидуваме да спречиме да се подели партијата.
Се обидувате да ја преставите позицијата на последниот ЦК дека никој не предложил колективно претседателство. 🙂
Па зар некој знаеше дека ќе се употреби цела машинерија за Христијан?
Јас, и 30 потпишани од вчера сме сериозни луѓе и со многу поголем стаж од Христијан, почитуван Груевски, и со искази дека можеби било вистина, а можеби и не, само повеќе тонете во калта што сами ја создадовте…
Веќе сериозно размислувам да не одам на конгресот, а можеби сепак ќе одам и ќе се прошетам во Валандово јас и моите илјадници истомисленици…
Бог ќе даде мудрост…

Следете не на Фејсбук. Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!! За 5Г контроверзата ПРОЧИТАЈТЕТУКА.
loading...