Филип Петровски: ШТО КАЖАВ ВО 1997 ГОДИНА

63 Седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 14 Март 1997, информација за актуелната состојба предизвикана со протестите во врска со примената на Законот за јазиците на кои се изведува наставата на Педагошкиот факултет “Св. Климнет Охридски”во Скопје и за начините и формите за унапредување на меѓуетничките односи во рамките на Уставот на Р. Македонија

Дами и господа,
денеска е, ако не се лажам, дваесет и седмиот ден од студентските протести и единаесетиот ден од штрајкот со глад на дел од организациониот одбор. Во тој штрајк со глад сум и јас, така што ќе ми простите ако извесна слабост на моето лице се погледне или примети. Не затоа што говорам пред Вас како голем дом, како многу луѓе, туку затоа што штрајкувам со глад 11 дена. Ние очекувавме дека ќе говориме меѓу првите, па потоа дека ќе се јават 60, 80 луѓе кои што ќе не судат, нели такво сценарио предвидувавме, меѓутоа сеуште не е доцна откако ние ќе проговориме, говорам ние, затоа што говорам во името на сите што се надвор во Шаторот.

Филип Петровски во 1997 година зборува во македонскиот парламент

Не е доцна да се јават повторно дискутанти кои што ќе не разобличат и кои што ќе покажат на македонската јавност колку ние грешиме и колку ние не сме во право. Морам да нагласам уште еднаш дека ние во знак на протест, поради тоа што тројца од нас веќе паднаа, не сакаме тука да дојдеме, меѓутоа слушајки го говорот на Премиерот Црвенковски вчера, се одлучивме, сепак, да дојдеме тука и малку да реплицираме. Значи, уште еднаш да повторам, Ви се обраќам од името на организациониот одбор на протестот на студентите. Должен сум веднаш да Ви кажам дека меѓу нас постои големо недоразбирање. Ние не баравме расправа за меѓунационалните односи, како што стои во барањето на Владата за оваа седница. Ние знаеме дека Република Македонија не е, на пример, Европска унија или некоја конфедерација за да се зборува за меѓунационални односи. Ние не баравме ниту расправа за меѓуетничките односи, како што раководството на Собранието ја насловило темата на денешната седница. Ние од Вас бараме во согласност со вашите надлежности да ги преземете сите потребни мерки во следниве наши барања:

ПОВЕЌЕ ЗА СТАВОВИТЕ НА ФИЛИП ПЕТРОВСКИ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!

Преземено од сајтот на ФИЛИП ПЕТРОВСКИ

Продолжува на наредната страна 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.