Фрчко си ги реди работите. Синот е веќе главен играч во ПУИК. А што мислевте вие за вас дека дошол живот?

Фрчко си ги реди работите. Синот е веќе главен играч во ПУИК. А што мислевте вие за вас дека дошол живот?

Дојде живот за уште еден син на функционер и подржувач на власта. Јон Фрчкоски, син на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски е поставен за помошник директор во АД за Стопанисување со стамбен и деловен простор, се дознава од извори во компанијата, да не речеме се труби на сите страни.
Според изворите од оваа државна компанија, младиот Фрчкоски ќе го води правниот сектор во компанијата, а неговата позиција е “Помошник генерален директор за правни прашања”.
Нашиот извор јавува дека платата за оваа позиција е нешто над 50.000 денари. Но што е мошне важно не се говори воопшто за неговите вештини и дали воопшто има било какво оправдание да биде „сместен“ во оваа функција.
Јон Фрчкоски претходно работеше во Општина центар ( и за таму имапе контроверзи), а на оваа позиција доаѓа на местото на Александар Стојчевски, кој до сега го водел овој сектор. Неговиот татко, познатиот професор Љубомир Фрчкоски е поранешен министер за внатрешни работи од редовите на СДСМ, кој во моментов е член на комисијата за реформи во правосудството.
Сличен скандал претходно имаше и со децата на функционерите Мирослав Грчев и Талат Џафери, кои без оглас беа вработени во државната компанија ЕЛЕМ.
Се разбира владината пропагандна машина молчи за ова. И се прашуваме дали воопшто некој ќе смее да смонеме збор. А вие задоволни? Ви дојде ли „животот“ и на вас? Или се работи само за елитистичка приказна…

Во оваа „пригода“ едно мало прашањце до „шарените“ – за ова ли се боревте?

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.