МЕСИ: Хрватска има фантастични играчи, особено во средниот ред

Лео Меси има уште две пречки за да го оствари Мундијалскиот сон и да дојде до трофејот кој најмногу го посакува, првата е Хрватска.

Утре со почеток од 20 часот, Аргентина и Хрватска ќе ја почнат борбата за пласман во големото финале на Светското првенство. Главната ѕвезда на гаучосите, Меси, знае дека нема да биде лесно да се поминат Хрватите.

Меси има само пофалби за хрватската репрезентација, особено го истакнува средниот ред на противникот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.