Владата на Соединетите Американски Држави (САД) одобри продажба на 40 нови борбени авиони F-16 на Турција во вредност од 23 милијарди долари, откако официјална Анкара го ратификуваше приемот на Шведска во НАТО.
Договорот вклучува и комплети за модернизација на 79 постоечки турски авиони F-16, пренесува AP News.
- Мислење од Стразбур: Георгиевски и Бошкова ги исполнуваат условите за судија во ЕСЧП, Апостолски – неСоветодавниот панел на експерти при Советот на Европа оценил дека државата соодветно… Read more: Мислење од Стразбур: Георгиевски и Бошкова ги исполнуваат условите за судија во ЕСЧП, Апостолски – не
- Докажано е дека четири групи на храна го скратуваат животниот векКардиохирург д-р Џереми Лондон, кој има повеќе од 25 години искуство, предупреди… Read more: Докажано е дека четири групи на храна го скратуваат животниот век
- Хороскопски знаци кои ги откажуваат плановите во последен моментСекој понекогаш откажува планови – се случува замор, неочекувана обврска или само… Read more: Хороскопски знаци кои ги откажуваат плановите во последен момент
- Вака изгледа концерт пред 2 милиони луѓе: Дури и Шакира беше шокирана од оваа толпа (ВИДЕО)Дури два милиони луѓе се собраа на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро во саботата… Read more: Вака изгледа концерт пред 2 милиони луѓе: Дури и Шакира беше шокирана од оваа толпа (ВИДЕО)
- Паника во регионот – исчезна деветгодишната Аљона, полицијата ја бара!Голема тревога ја потресе јавноста во Нови Сад – исчезна деветгодишното девојче… Read more: Паника во регионот – исчезна деветгодишната Аљона, полицијата ја бара!
Овој потег уследи само неколку часа откако Турција во петокот го депонираше својот инструмент за ратификација за прием на Шведска во НАТО со Вашингтон, дом на архивата на документи на Алијансата, и откако неколку клучни членови на Конгресот ги повлекоа своите приговори.
Турција долго време се обидува да ја надгради својата флота F-16 и ратификацијата на членството на Шведска во НАТО ја условуваше со одобрување на купувањето на авиони од страна на американската администрација.
Официјална Анкара го ратификуваше приемот на Шведска во НАТО по повеќе од една година одложување, што предизвика тензии во Алијансата.
Турскиот парламент ја ратификуваше кандидатурата на Шведска оваа недела, а претседателот Реџеп Таип Ердоган ја потпиша ратификацијата во петокот.
Реџеп Таип Ердоган
Претседателот на САД, Џо Бајден, потоа ја повика американската администрација да ја одобри продажбата на F-16 „без одлагање“.
Пронајдете не на следниве мрежи:



