Црвена младина бара мерки за заштита на студентите од сексуално вознемирување
Деновиве во медиумите излезе истражување за сексуалното вознемирување на Универзитетот во Тетово, Универзитетот Мајка Тереза и Универзитетот на Југоисточна Европа. Анкетата која била спроведена на примерок од 122 испитаници покажува дека 19,6%, односно секој петти студент од анкетираните изјавил дека бил жртва на сексуално вознемирување.
- Битиќи: Во рок од две години, јавниот долг се зголеми за 2,5 милијарди евра
- Toшковски: Секој кој ги рекетира македонските граѓани ќе се соочи со кривичен прогон
- 92-годишна скопјанка прегазена на „Багдадска“
- Владата донесе одлука за отворање на македонска амбасада во Литванија
- Падна цената на златото на светските берзи
- Путин ја отвори славината, тече како никогаш досега: Брисел падна на колена пред Русија, ова никогаш не се случило
- Нивната судбина радикално се менува: 3 знаци влегуваат во незаборавен период – сè ќе им оди од рака
- Дурмиши: Ако има зголемувања на маржите во маркетите ќе се преземат мерки
- Потврдено: Претседател на суд и судски службеник осомничени за примање поткуп
- Хрватите бираат помеѓу Новак и Федерер, еве кој е идол на талентираните играчи од соседството, како од топ рекоа…
- Меркур влегува во Близнаци: 3 знаци очекуваат среќни вести до 1 јуни
Професорите од студентите барале сексуални услуги за оценки! Ова го рефлектира системскиот проблем со недостиг на транспарентност и одговорност во образовните институции. Студентите се плашат да пријават вакви случаи и се оставени без заштита, што дополнително го комплицира решавањето на овој сериозен проблем.
Ваквото однесување на професорите од посочените универзитети Црвена младина го смета за неприфатливо и упатува осуда за сексуалното вознемирување кое се случува. Ова е проблем што ја загрозува безбедноста и достоинството на студентите, особено на жените и создава атмосфера на страв, па дури и инхибиција да се продолжи искачувањето по академскиот пат.
Црвена младина ги повикува властите да воведат построги мерки за заштита на студентите, вклучувајќи анонимни механизми за пријавување и остри санкции против сторителите! Одговорните институции мораат активно да се вклучат во решавањето на овој проблем. Сметаме дека е неопходно универзитетите да спроведат обуки и едукација за спречување на сексуалното вознемирување што дополнително ќе ги охрабрат жртвите да ги пријавуваат овие случаи.
Пронајдете не на следниве мрежи:



