Црниот пантер се врати!!! Опасното животно повторно снимено во Србија!!! (ВИДЕО)


Потрагата по познатиот пантер продолжува, а жител на Фекетиќ снимил ново видео на кое се гледа црниот пантер, кој го бара цела Србија. На видеото се гледа како животното трча со голема брзина низ полињата.

Да потсетиме, избеганиот црн пантер внесе страв кај жителите на Апатин и неговата околина. Тој најверојатно дошол од Унгарија, а на крајот на минатата година локалните медиуми пишуваа дека истото животно било видено во близина на Кискунхалас на југот на земјата.

Пантерот последен пат е виден во близина на Бања Јунаковиќ. Него сите го бараат. Полицајците од Апатин и работниците на „Вода Војводина“ со дронови го бараат животното. Планот е, откако ќе се најде пантерот, да се заспие и да се имобилизира во зоолошката градина Палиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: