Видео кое целосно го отсликува шампионскиот менталитет на Новак.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го освои рекордниот 7. трофеј на Завршниот турнир, а историското достигнување го прослави со своите најблиски.
- Кој леб да изберете ако имате висок крвен притисок?
- Обвинителството поднесе кривична пријава против родителите на децата кои ја злоупотребиле 14-годишното девојче во Ѓорче Петров
- Замир: Израелската армија е подготвена повторно да го нападне Иран
- Три лица приведени, меѓу нив и сопственичка на салон за убавина за криумчарење филери
- Овие хороскопски знаци мразат чекање и лоши изговори
Стефан и Тара му одлетаа во прегратка по победата над Јаник Синер , но неговата сопруга Јелена не можеше да го придружува на финалето на турнирот во Торино.
Секако, таа секојдневно му испраќаше поддршка и позитивна енергија, а веднаш по натпреварот објави моќна порака.
Таа објави видео во кое Новак зборува за своите цели и достигнувања.
– Не знам што е реално и не знам која е границата. Не ги знам границите и затоа верувам дека некако успеав да ги достигнам највисоките врвови и достигнувања во историјата на тенисот. Исклучително сум мотивиран да продолжам – изјави еднаш Ѓоковиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи:



