Љубители на кокос, навалете! Рецепт за превкусни палачинки со кокос и бело чоколадо

Loading...

Не мора премногу да ги убедуваме љубителите на кокос дека вреди да се испроба овој рецепт за палачинки. Смесата за овие палачинки е збогатена со кокосово брашно, а го има и во филот, па задоволството им е загарантирано на сите оние кои не можат да одолеат на десерти со оваа храна.
Состојки за палачинки:
3 јајца
5 декаграми стопен путер
20 декаграми остри брашно
5 декаграми кокосово брашно
2 лажици шеќер
малку сол
350 мл млеко
1 дл минерална вода
За фил и декорација:
бел млечен или чоколаден намаз
стопено бело чоколадо
брашно од кокос
топчиња од кокос
Дополнително (по избор):
мелени бисквити
овошје од компот
рендано црно чоколадо
сладолед
Измешајте остро и кокосово брашно. Во посебен сад измешајте јајца, шеќер, сол додека не добиете пенлива смеса. Додадете стопен путер и промешајте. Додадете половина од течните состојки (млеко и вода), промешајте и додадете половина од смесата со брашно.
Нежно мешајте додека не ги измешате сите грутки. Потоа додадете ја другата половина од течните и суви состојки. Оставете ја смесата во фрижидер помеѓу половина час до еден час да отстои некое време. После тоа, класично испечете ги палачинките.
Полнењето на готови палачинки е многу едноставно. Прво премачкајте ја палачинката со намазот и посипете со малку кокос и потоа превртете ја или преклопете ја во триаголник, во зависност од тоа како сакате да ги јадете.
Ишарајте ја полнетата палачинка со стопено бело чоколадо, посипете со малку кокос и украсете со веќе готови топчиња од кокос.
Ако сакате, можете дополнително да го декорирате со распарчени бисквити. Доколку сакате комбинација од бело и црно чоколадо, посипете ја палачинката и со малку рендано црно чоколадо. Кокосот оди добро со кисело овошје, па палачинката можете да ја украсите со овошје од компот како цреши или со малку овошје од бобинки. Може да ги послужите и со лажичка од омилениот сладолед.

loading...