Љубчо за Ламба Арнаудов: како од бугарофил стана жесток критичар на Бугарија??

Љубчо Георгиевски во неделата во вториот ден на емисијата Во центар рече дека бугарската стратегија за ставање вето на Македонија не само што ги нарушило односите со Македонија, туку ги изиритрало и бугарофилите во државава, па почнале да пишуваат текстови против бугарската политика. Меѓу нив, вели Георгиевски е и Ламбе Арнаудов, кој според него бил најголемиот бугарофил што го познава во животот.

– Забележав дека во последните две години, откако почна оваа приказна со ветото, барем петнаесетина луѓе кои ги знам дека беа блиски до бугарската историја, пишуваат иритирани статуси, пишуваат текстови против Бугарија. Еден од тие е Ламбе Арнаудов. Јас мислам дека Ламбе Арнаудов е еден од најголемите бугарофили што ги знам во мојот живот. Во последните две години има четири текста против бугарската политика. А такви знам многу. Јас мислам дека беа изиритрани. Во Бугарија создаваат теза дека со ветото ги спасуваат македонските Бугари им помагаат. Ги слушам и си велам, добро бе луѓе, врз основа на што ја градите таа теза? Кога го ставија ветото имаше само еден македонски Бугарин кој кажа супер е ветото – Владимир Перев. Само тој. После три месеци уште еден и Петар Колев. Од тогаш можеби имам сретнато уште еден. Може има уште двајца што не ги знам. Има четворица што се преселија во Бугарија, можеби им било тешко тука. Се на се, повеќе од десет луѓе не сум сретнал кои викаат супер ви е ветото, рече Георгиевски во емисијата Во центар.

recommended by

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.