Ќебапи од рерна со само 4 состојки

Ќебапот е јадење од мелено месо, кромид и зачини, а многу наликува на ќебапчиња. Една од разликите е тоа што кебапот се прави со помош на ражнич.

Вкусот е фантастичен, а може да се послужи со сос по избор, зеленчук, салата… Денеска преставуваме рецепт за како најлесно да направите ќебап со малку и евтини состојки.

Потребни состојки:
500 гр мелено месо (говедско)
1 кромид
магдонос
зачини по желба
масло
Подготовка:
Во меленото месо додадете ситно сечкан кромид и магдонос, па зачинете по желба. Добро соединете. Земете дрвени стапчиња за ражничи и потоа намотајте го месото речиси по целата должина. Наредете ги во плех подмачкан со масло и печете на 190°C околу 25 минути. Извадете го ќебапите, превртете ги и печете уште 5 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.