Џафери ги распиша претседателските избори- прв круг на 21 април

Претседателот на Собранието Талат Џафери предмалку го потпиша решението за распишување на претседателските избори.
Изборите ќе се одржат на 21 април, додека вториот изборен круг е закажан за 5 мај.
Мандатот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов истекува на 12 мај.
Заедно со претседателските избори, во Охрид, Ново Село и Дебар ќе се одржат и избори за градоначалници.


-Треба да оржиме избори какви што и доликуваат на европска демократска држава. Апелирам до сите учесници во изборниот процес да се однесуваат според Уставот и законите, а надлежните институции да се погрижат тој ден да помине во свечена и деморкатски атмосфера, порача Џафери, додавајќи дека граѓаните се единствен легитимен авторитет кој ќе одлучи кој ќе ја добие честа и одговорноста да биде шестиот претседател на Македонија.