Ако не го добиеме ветеното од Заев ќе ги блокираме уставните измени

-Го бараме тоа што ни го вети Заев. Во спротивно Алијанса за Албанците не ја исклучува опцијата да го блокира собранискиот процес за Преспанскиот договор.
Ако не им се исполнат барањата што имаат намера да ги достават како амандмани – кога ќе се отвори Уставот: албанската заедница да биде впишана како државотворен народ и албанскиот јазик да биде службен заедно со македонскиот, ќе го блокираат процесот.
Арбен Таравари, генерален секретар на партијата и градоначалник на Гостивар, за ТВ “Алфа“ вели дека ако не се исполнат нивните барања, органите на партијата ќе одлучуваат дали нема да го поддржат преспанскиот процес.
-Партијата има органи тие ќе одлучат дали и како ќе гласаме ако нашите барања не се усвојат. Ова не е уцена, туку се барања за кои сега е шанса да се затворат, и потоа да се посветиме на европската агенда, вели Таравари.
Тој додава дека ова ветување од Заев го добиле уште во 2016. година. За Таравари е неважно тоа што ДУИ смета дека сега не е време за зачинување на преспанскиот процес со албанските барања. Според него тие се нестабилни, и потсетува дека и ДУИ се потписници на таканаречената Тиранска платформа.
-Ова е нешто што го пишува и во Охридскиот договор. Господинот Заев го вети уште во 2016 година, во делот за јазикот поконкретно, додава Таравари.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.