Научниците од Детската болница во Бостон, Соединетите Американски Држави, откриле дека тешките форми на ковид-19, како и постковид синдромот, можат да доведат до реактивирање на разни херпес вируси и други „хибернативни“ патогени присутни во телото.
Таквата состојба на телото може да придонесе за развој на нарушувања на имунолошкиот систем.
„Ова откритие е особено значајно за проучувањето на пост-ковид синдромот, бидејќи милиони луѓе низ целиот свет продолжуваат да страдаат од неговите долгорочни последици. Разбирањето на врската помеѓу пост-ковид синдромот и реактивацијата на вирусот би можело да ја подобри дијагностиката и развојот на нови методи на лекување“, изјави истражувачот од Детската болница во Бостон, Офер Леви, пренесува ТАСС.
Научниците наведуваат дека телото на многу луѓе содржи „хибернативни“ вируси кои најчесто се контролирани од имунолошкиот систем, па затоа не се манифестираат.
Меѓу нив се различни видови на херпес вирус , цитомегаловирус, Епштајн-Бар вирус, како и некои вируси од семејството Aneloviridae, чии носители, според проценките, се до 90 проценти од светската популација.
Патогените микроорганизми се активни дури и откако болеста ќе помине
Американски и канадски истражувачи утврдија дека многу од овие патогени се активираат кај пациенти кои претрпеле тешка форма на ковид-19 и дека остануваат активни неколку десетици дена по завршувањето на акутната фаза на болеста.
Тие дошле до тој заклучок анализирајќи околу 200.000 примероци од биолошки материјал собрани од 1.150 пациенти лекувани во 20 медицински центри во САД.
Истражувачите првично барале биомаркери што би овозможиле побрза дијагноза на Ковид-19 , но во примероци од спутум и издишан воздух откриле фрагменти од РНК од неколку херпес вируси , цитомегаловирус и други „хибернативни“ патогени.
Според резултатите од истражувањето, високата активност на одредени вируси била поврзана со значително поголем ризик од развој на постковид синдром и други хронични здравствени проблеми по закрепнувањето.
Научниците, исто така, утврдија дека реактивацијата на „хибернативните“ вируси најчесто е предизвикана од силно воспаление кое се јавува за време на акутната фаза на инфекцијата и во првите недели по неа, што го доведува во прашање претходното мислење дека ваквите вируси се активираат исклучиво поради слабеење на имунитетот и укажува на потребата од дополнителни истражувања за поврзаноста помеѓу системското воспаление и хроничните вирусни инфекции.
The post Ако сте прележале тежок Ковид, ова може да ве загрижи: Научниците открија неочекувана последица appeared first on Во Центар.



