Акција за исплата на долгови без пресметка на каматадо 48 рати од 01.02.2022 до 15.03.2022

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата е во тек.

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 01.02.2022 заклучно до15.03.2022.

Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите.

Во согласност со новата одлука на Управниот одбор, физичките лица имаат можност за склучување на договори до најмногу 48 рати, а правните субјекти до 24 рати, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

Оваа мерка и одлука не важи за органите на државната и локалната власт, како и другите државни органи и институции кои вршат дејности од јавен интерес, агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија, основани од државата, општините и Град Скопје.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

Имајќи ја предвид ситуацијата со корона вирусот, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите, како и превенција од ширење на вирусот, повикуваме на разбирање и почитување на сите протоколи кои ќе се спроведуваат од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје, при посетите на претпријатието од страна на корисниците за склучување на договорите.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.