АЛАРМАНТНО ОБРАЌАЊЕ НА ИЗРАЕЛ: ЗА НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ ИРАН ЌЕ ИМА УРАНИУМ ДА НАПРАВИ ТРИ НУКЛЕАРНИ БОМБИ

Тензиите предизвикани од застојот на разговорите меѓу Иран и САД за нуклеарната програма ескалираа откако израелскиот министер за одбрана Бени Ганц рече дека за неколку недели Иран ќе има доволно збогатен ураниум за да изгради три нуклеарни боеви глави.

Во своето излагање Ганц претстави и мапа на која се прикажани воени објекти во Сирија кои наводно припаѓаат на Иран и Хезболах, додавајќи дека споменатите објекти се голема безбедносна закана за Израел.

Во исто време, од Иран беше објавено дека развиле „невидлив“ дрон способен да оперира во сите поголеми израелски градови.

Се огласи и шефот на нуклеарниот инспекторат на ОН, Рафаел Гроси, кој рече дека ќе биде исклучително тешко да се има вистински увид во ситуацијата на теренот откако Иран го забрани пристапот на инспекторите на ОН на клучните локации.

Потсетуваме дека преговорите за иранската нуклеарна програма траат од јуни минатата година и дека во последно време не е постигнат значителен напредок. Од почетокот на преговорите и двете страни постојано изнесуваат нови барања, што го отежнува постигнувањето конечен договор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.