Анкета на Стратум: за листите на СДСМ ќе гласаат 24.9%, а за ВМРО-ДПМНЕ 22.8%

Вкупно 24,9% од граѓаните би гласале за листите на СДСМ на локалните избори, а 22,8% за листите на ВМРО-ДПМНЕ, покажува анкетата на Стратум Р&Д нарачана од новинската агенција Макфакс. Анкетата е направена телефонски, на примерок од 1000 испитаници во периодот од 25 до 30 септември.

На прашањето да претпоставиме дека утре ќе се одржуваат локални избори за која советничка листа би гласале на изборите, по СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ следи Независна листа со 12,9 %, а нема да излезат на гласање 12% од граѓаните. За ДУИ се определиле 10%, за Алијанса на Албанците 9,3% и други 1,7%.

„Сите анкети од релевантни институции спроведени во изминатите неколку месеци покажуваат дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја ужива најголемата доверба кај граѓаните. Тоа е затоа што СДСМ зад себе има резултати, има одговорни државнички политики и реализирани над 7 000 проекти на локално ниво. Со тоа се потврдува дека СДСМ и ’Најдоброто‘ се фаворити и убедливи победници на претстојните локални избори“, – велат од СДСМ потсетувајќи дека и анкетите на Брима, Ири и други агенции потврдуваат дека граѓаните ним им даваат поддршка.

На прашањето кои се клучни критериуми според кои одлучувате на кому ќе го дадете гласот, 28,2% истакнале дека е припадноста на политичката партија која го кандидира. Како втор критериум се одредиле за професионалните достигнувања, односно 20,7%. Потоа следуваат придонес кон заедницата 11,4%, повторен мандат (искуство како градоначалник) 10,8%, успешно спроведени проекти 8,7%, лични преференци 6,3%, етничка припадност 5,4%, без политички багаж, нов во политиката 5,1%, коалиција на централно ниво (државно ниво) 3,3% и друго 0,1%.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.