МАКЕДОНИЈА е долга и широка работа. Затоа, не чепкајте! – напиша на Фејсбук лидерот на Левица, Димитар Апасиев по повод 130 години од формирањето на Македонската револуционерна отганизација во Солун.
Организацијата е формирана на 23 октомври во 1893 година во Солун, од страна на шестмината интелектуалци Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров,
- 6 намирници богати со мелатонин кои можат да го подобрат сонот
- Јарецот изгледа смирен, но крие неверојатно силен карактер
- Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на УС Опен
- Точката на телото што предизвикува луди оргазми: Одлична и за импотенција
- Пет раси на мачки кои силно се поврзуваат со своите сопственици и тешко ја поднесуваат осаменоста
- Холандија се откажува од Евровизија
- Само 11 бебиња во историјата се родени на Антарктикот: Причината зошто мајките отишле таму е многу невообичаена
- Албанец ѝ дал на сопругата 1.000 евра „за да ги има“, па отишол да ја убие љубовницата? Детали за ужасниот злостор во Грција
- Неделен хороскоп за Шкорпија: Недела на страст, тајни и трансформација
Во јули 1893 година И. Х. Николов во Софија имал средба со Гоце Делчев и Коста Шахов, и ги претставил начелата врз кои требало да со основа организацијата.
Организацијата да се основа во Македонија, а не во Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Софија, Србите и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарското правителство, ќе основаат и тие организации и од нашата организација нема да биде ништо. Поради тоа треба да биде тајна.
Основачите да се Македонци, чесни, да се ползуваат со добро име и да живеаат во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија, да бидат изложени и тие на истата опасност , на каква што ќе бидат иузложенени и нивните последувачи, преку кои полесно ќе ја спечалат довербат на населението.
Лозинката треба да биде Автономија на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз член 23 од Берлинскиот конгрес за да се надеваме на успех. Да се постигне Автономија на Македонија, значи да ја откинеме не само од Турција туку и од Србите и Грците. Оцртани еднаш границите на Автономана Македонија, Србите и Греците веќе не ќе можат да бараат делови од неа, кога, ако посакаме присоединување на Македонија кон Бугарија, Србите и Грците ќе посакаат и тие делови од неа. Наша задача треба да биде да ја споиме Македонија цела, а тоа може да биде преку една Автономна Македонија.
Организацијата треба да биде самостојна и независна. Да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседните држави, за да не ѝ влијаат и да не ја обвинуваат дека е орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство од страна на другите соседни влади.



