Апасиев: Мицкоски, не треба мораториум на напади врз Левица, туку за влез на Бугарите во Уставот

Димитар Апасиев, претседател на Левица и носител на листа на ИЕ1, му порача на Мицкоски дека не му треба мораториум за напади врз Левица, туку за влез на Бугарите во Уставот, мораториум за амнестијата и измените на Кривичен законик со европско знаменце, мораториум за воведување на двојазичност…Лидерот на Левица, рече дека на парламентарните избори очекува најмалку тројца пратеници само во Првата изборна единица, а на следните избори дека тој број ќе биде двоцифрен.

„Во единицата очекуваме најмалку тројца пратеници, а на наредни избори двоцифрен број само од кецот. Привршува кампања во која бевме изложени на нефер услови, на бојкот. Но, ние левичарите не сме патетични. Можам да кажам дека Левица ќе изненади“, рече Апасиев.

За СДСМ рече дека го нема народниот дух, за разлика од Левица.

„Тачевизмот е последниот стадиум на груевизмот, после Левица ќе нема место за СДСМ во левиот политички спектар“, нагласи Апасиев.

Апасиев се осврна на платформата што ја нуди Левица за да може да коалицира со некоја од партиите по изборите. Како што рече, Македонската платформа има пет точки: унитарност на државата, нема преговори за дводомен парламент, нема преговари за конститутивните елементи на нацијата, враќање на територијалната поделба и враќање на инсигниите на државата, знамето и грбот да бидат на цела територија на државата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.