Патетичноста е контрареволуционерна, да го замениме очајот со акција, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев кој повика на масовност на денешниот протест пред Владата на Република Македонија и ОЈО поради скандалите на Онкологија.
– Да не заборавиме, дека нашите партизани стрелаа за дефетизам! Оставете и ја малодушноста на малограѓанштината и не кукајте како ситните буржуи, кои се разочаруваат при првата животна потешкотија и забегуваат во дримерско фантазерство. Очајувањето да го замениме со АКЦИЈА за пад на оваа ненародна власт. Дојдете вечер во шест на протест. Јавниот притисок мора да продолжи. Борбата е тешка, ама ќе победиме. – напиша Апасиев на Фејсбук.

Протестот е закажан со почеток од 18 часот.




