До граѓаните повторно стигнуваат лажни СМС пораки за сторени прекршоци од Безбеден град. Преку линк кој го содржи пораката се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да бидат внимателни при користење на интернет, да не отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали.
– СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач “MVR-SC”. Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок, и линк од следниот формат “https://safecountry.mvr.gov.mk…”, појаснува МВР.
The post Апел до граѓаните: Лажни СМС пораки за сторени прекршоци од „Безбеден град“ appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



