Арсовска: Договорот со приватните превозници е раскинат и таа одлука е конечна

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во изјава за Канал 5 вели дека по одлуката на приватните превозници да се прекине јавниот превоз, договорот со нив се смета за раскинат и таа одлука е конечна.

Според Арсовска, приватните превозници со одлуката за прекинот на јавниот превоз, одлучиле и да им ја укинат автобуската услуга на граѓаните.

Арсовска: Договорот со приватните превозници е раскинат и таа одлука е конечна

-Можности за враќање назад не постојат. Има нов јавен повик, на новиот јавен повик сите оние кои ќе сакаат чесно да работат и оваа јавна услуга да ја овозможуваат до граѓаните ќе имаат можност да си се пријават и да можат да си ја обавуваат дејноста којашто ја обавувале претходно, меѓутоа без да има можности за вакви манипулации како што имаше претходниот период, изјави Арсовска.

На приватните превозници треба да им се исплати до периодот до кога нивните автобуси беа вклучени во сообраќајот.

-Тие практично за услугата којашто треба да ја извршат во наредниот месец, фактурираат за еден месец однапред. Што би значело дека таа услуга во моемтнот кога е побарана се уште не била извршена како таква.

Сега со нивниот прекин практично во тековниот месец ноември ќе треба да се види што е она што го извозеле за да може за истото да се пресмета што и колку има потреба како тековно побарување да им се исплати и по основа на истото, номално никој не сака од тие лица да бидат оштетени, меѓутоа исто така како Град Скопје, сме должни да не дозволиме никакви манипулации, ниту пак злоупотреби коишто директно влијаат на буџетот на Градот Скопје“, вели Арсовска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.