Арсовска за Студио 10: Буџетот не смее да биде оштетен од луѓе кои не работат, а земаат плата

Во гостување за Студио 10 на ТВ24, градоначалничката Данела Арсовска се осврна на големата бројка на вработеност која надмина повеќе од 100 луѓе за само неколку месеци во претпријатијето „Водовод и канализација“ и која е причина за прекинување на договорите. Тврди дека нема да се толерираат вработените кои доаѓаат на работното место и не ги извршуваат своите обврски.

Арсовска за Студио 10: Буџетот не смее да биде оштетен од луѓе кои не работат, а земаат плата

– Луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, луѓе кои одат на работа и не работат, а земаат плата – не смее да им се дава шанса да го оштетуваат буџетот. Од сите јавни претпријатија, пред повеќе од месец испративме барање за инфоирмација околу бројката на ваквите луѓе – за жал само директорката на комунална хигиена истапи напред, кај останатите дури се вработувале екстремна бројка на луѓе. Овие вработувања се за неколку месеци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.