Во објава на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го повика градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски да ѝ одговори на јавноста за дивоградбите во Драчево за кои има и кривична пријава.
– Орце Самка Ѓорѓиевски да одговори на јавноста и на ОЈО, дали е дел од експертскиот тим кој го положил испитот по предмет незаконски дивоградби кај Висар Вики Ганиу.
Види ова одговори на јавноста, не на мене.
Јавноста е заинтересирана за овие дивоградби во Драчево, за кои има кривична пријава до ОЈО. – напиша Арсовска на Фејсбук.






