Арсовска панелист на EU – Western Balkan Cities Economic Forum

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска се обрати на EU – Western Balkan Cities Economic Forum кој се одржа во Прага.

– Денес како панелист на EU – Western Balkan Cities Economic Forum кој се одржа во Прага, со Јарослав Куфурст, заменик министер за надворешни работи на Чешка, Марек Норхејл претставник на Европската Унија, Сузан Герансон од ЕБОР и Матео Ривелини од ЕИБ, разговаравме за политиките и достапните финансиски алатки за дигитална трансформација на градовите.

Град Скопје позитивните примери и искуствата на европските градови, се стреми да ги примени преку користење на алатките и можностите за дигитална трансформација и зелена транзиција, делувајќи да постигне одржлив развој на градот и обезбеди подобри услуги за граѓаните, напиша Арсовска на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.