Ахмети: Касами нека го фрли белиот пешкир во рингот, за да не добие класичен нокаут!

Носителот на листата во шестата изборна единица Билал Касами досега неколку пати изјави дека нивната програма ќе биде победничка и дека по парламентарните избори ќе бидат дел од владината коалиција

Не сакам да ги омаловажувам албанските противници кои се обединија и велат дека се опозиција, но сите тие се на власт 20 години. Да бидеме искрени, тие не се опозиција.

Ова денеска го изјавил Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) од Боговиње, порачувајќи им на лидерите на коалицијата на опозициските партии на Албанците „Вреди“ дека се 20 години на власт и дека не можат да се сметаат за опозиција, пренесува ТВ 21.

На носителот на листата од „Вреди“ во шестата изборна единица Билал Касами, Ахмети посочил дека и претходно го предупредил дека на 8 мај треба да го фрли белиот пешкир во рингот, за како што додал, да не добие класичен нокаут.

Пронајдете не на следниве мрежи: