Баклава со чоколадирани чајни колачи Винчини

Состојки
500 гр кори за баклава
500 гр чоколадирани чајни колачи Винчини
200 гр мелени ореви
200 гр чоколадо
За прскање на корите
пола чаша кисела вода
пола чаша масло
Шербет
900 гр шеќер
1,1 литар вода

Најпрво сварете го шербетот. Нека врие на умерена температура 10 мин. Тргнете го на страна да олади.
Во сецко измелете ги чајните колачиња, во кој исто така и оревите, а чоколадото изрендајте го. Се заедно измешајте во една вангла.
Кој има трпение можи киселата вода и маслото да ги стави во посебни чаши и да попрскува врз корите со помош на лажиче од двете чаши. За забушантите ко мене, како побрз и полесен начин, ги ставате и двете течности во една чаша, мешате при секое макање бидејќи маслото има тенденција да лебди над водата и со силиконска четка премачкувате (кога ќе приметите дека сепак се потрошило, се додава повремено по малку масло).
Се премачкуваат сите кори, и таа со фил.
Се редат по две, врз нив се наросува насекаде од филот и се витка во ролат.
Се печи на 200С додека не порумени.
Топлата баклава се прелива со ладниот шербет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.