Баница со праз и карфиол

Состојки
100 мл млака вода
1 кафена лажица путер
1 кафена лажица сол
1/2 кафена лажица шеќер
1 белка од јајце
1/2 сув квасец
250 гр брашно
масло по потреба
1 страк праз
1/2 китка карфиол
сол по потреба
1 жолчка од јајце за премачкување

Подготовка
Најпрво, подгответе го тестото.
Во длабок сад ставете ги прво течните состојки и промешајте, а потоа додадете ги сувите состојки и замесете меко тесто. Оставете го тестото да се дуплира, покриено со фолија или крпа, на топло место.
Во тавче на оган ставете го маслото, ситно сецканиот праз и карфиолот исто така исечен на мали парченца. Пржите додека да омекнат.
Развлечете кора од тестото со помош на оклагија и врз кората ставете од празот и карфиолот. Завиткајте во ролат и замотајте ја во круг. Премачкајте со жолчка
Од ова тесто, направив две баници.
Ставете ги во намрсена тава за печење и печите на 200 степени додека убаво да заруменат одозгора.
Добар апетит

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.