Бајден: Налогот за апсење на израелските лидери е нешто нечуено

Претседателот на САД Џо Бајден, денеска изјави дека издавањето налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, од Меѓународниот кривичен суд е нешто нечуено, објави Белата куќа.„Издавањето налог за апсење на МКС за израелските лидери е нечуено. Дозволете ми да бидам јасен уште еднаш: што и да имплицира МКС, не постои еквивалентност, ниту една меѓу Израел и Хамас. Ние секогаш ќе стоиме со Израел против заканите по неговата безбедност, рече Бајден.МКС вчера објави дека издал налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и лидерот на Хамас Мохамед Деиф под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.Обвинетите ќе бидат осудени на апсење доколку патуваат во некоја од повеќе од 120 земји кои се членки на МКС, соопшти судот.Со оваа одлука на судот во Хаг, Нетанјаху, Галант и Деиф ќе бидат на меѓународна потерница.

Пронајдете не на следниве мрежи: