БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ НА ПАРКИРАЛИШТАТА НА ЈП ПОЦ ЗА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани на Р.С.М. Од 30.04. (петок) до 03.05.2021 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 04.05.2021 година (вторник) со вообичаено работно време.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.